(ВИДЕО) Бојко Борисов бара оставка од вицепремиерот Николоски: Не треба да има средби со овие луѓе

Од:

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, бара оставка од вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кој ги нарече Бугарите „нецивилизирани“ и изјави дека Македонија и Бугарија немаат заедничка историја.

„Ако не го сторат тоа, ниту претседателот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се среќаваат или да разговараат со нив (членовите на македонската влада). Очигледно не треба да се остваруваат пријателски средби со овие луѓе, дури и поврзани со операта, надвор од официјалните“, посочил Борисов.

Борисов истакна дека ГЕРБ ќе направи сѐ што е потребно за Европската народна партија (ЕПП) „да биде информирана за искажаните зборови“.

Бугарското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека ги известиле партнерите за неиспровоцираните провокации од функционери на Северна Македонија, чија цел е да се наруши дијалогот.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју, зборувајќи за отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Сиљановска-Давкова и Радев рече дека очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги.

Би можело да ве интересира

Радев: Европа мора да има место на масата во преговорите за крај на војната во Украина

А1он

Николоски не очекува промената на власта во Србија да влијае на инфраструктурните проекти меѓу двете земји

Катерина Ѓуровски

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија

А1он

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Николоски: Не може превозниците да бројат денови, часови и минути поминати во камионот, проблемот мора да се реши

Катерина Ѓуровски