(ВИДЕО) Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека нема потреба од посредништво во разговорите меѓу Скопје и Софија, за продоложувањето на преговорите на земјава, јави БТА.

На прашањето да даде коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен да води преговори со бугарскиот претседател, Радев рече дека отсекогаш бил отворен за дијалог, но, според него, треба да се прави разлика меѓу дијалог и преговори.

– Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол за договорот за добрососедство. Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води меѓу Северна Македонија и Европската комисија и тоа врз основа на прифатената Преговорачка рамка за Северна Македонија, која со консензус, едногласно е усвоена од сите земји членки на ЕУ и е прифатена од Владата на Северна Македонија, рече Радев во изјава за бугарски медиуми.

Според него, работите се и повеќе од јасни и дека Северна Македонија треба да ги исполни барањата поставени од Европската Унија, а Бугарија, како што рече, може да помага во тој процес.

-И ќе повторам по којзнае кој пат, ние сме подготвени и ние треба да помогнеме. Тоа е нашата одговорност, и тоа да помагаме Северна Македонија побрзо и поефективно да ги исполни условите запишани во двостраниот протокол и во Преговарачката рамка, така што би можеле посигурно да чекорат по европскиот пат, изјави бугарскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Новата бугарска влада повеќе нема да и испорачува оружје на Украина

А1он

Радев: Македонија само треба да ги вклучи Бугарите во Уставот

Горан Наумовски

Уставните измени треба да се спроведат, се надевам на конструктивност од соседите, порача евроамбасадорот Рокас

Радев на средба со Руте во Брисел: Бугарија помага во заштитата на источното крило на НАТО

А1он

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он