Рудникот во Перник денеска прославува 130 години постоење. Празникот ќе се прослави со голема прослава пред зградата на Дирекцијата за рударство во центарот на градот. Парлалелно ќе бидат одбележени и 130 години од бугарска индустријализација, бидејќи се верува дека индустрискиот развој на земјата почна во Перник.
-Перник за Бугарија е цела Калифорнија“, велат организаторите на настанот – Регионалниот историски музеј и компанијата „Мин индустрија“, која ги има правата за концесија за експлоатација на поголем дел од јагленот во Перник. Изложбата „Срцето на Бугарија“ со архивски фотографии од почетокот на 20 век ќе прикаже различни активности во рудниците.
Државните рудници за јаглен во Перник биле формирани со протокол на Советот на министри од 17 август 1891 година. Експлоатацијата била најсилна во 60 -тите години на минатиот век, кога повеќе од 17.000 луѓе работеле во рудниците. Највисоката продуктивност по работник била пријавена во 1963 година – 2.246,7 тони. Во 1960 година, рудникот регистрирал рекорд за јаглен произведен за една година – 8.783.894 тони.
За прв откривач на јагленскиот басен во регионот Перник се смета францускиот геолог Ами Бу, кој во 1836-1837 година патувал на Балканскиот полуостров за научни цели. Во своите извештаи, тој забележал дека регионот има исклучително богати наоѓалишта на јаглен, изјави за БТА кустосот на Регионалниот историски музеј Десислава Миланова.
Според неа, околу 1865 година, во врска со проектот за изградба на железничка пруга, османлиската влада испратила тука професор од Виенската политехника со задача да спроведе целосно геолошко истражување. Тој дал подетални податоци за наоѓалиштата и тие биле именувани како Царковски наошалишта на кафен јаглен во западното подножје на Витоша. Неколку години по ослободувањето, биле доделени првите концесии за развој на наоѓалиштата на јаглен.
Во 1891 година, државата го донела првиот закон за експлоатација на минерални суровини.
-Во следните 20 години, речиси целата рударска индустрија во Бугарија поминала под чадорот на Мини Перник. Индустрискиот бум во 1950 -тите и 1960 -тите години навистина почна во Перник, рече Миланова.
Благодарение на ископувањата на јагленот, поранешното село Перник стана еден од градовите со најголем раст во Бугарија и неговото индустриско срце, смета Силвија Нотева, кустос за новата историја во Регионалниот историски музеј. Од мало село до 1929 година, кога бил прогласен за град, Перник пораснал за 12 пати. Во Бугарија нема друго населено место со таков раст на населението, тврди Нотева.
Во првата декада на минатиот век, 96 проценти од целиот јаглен во Бугарија се ископувал во Перник. По стекнувањето автономија во 1925 година, рудникот придонесува со половината од целата своја добивка за државата, а другата половина останиувала за економските потреби и развој на претпријатието. Благодарение на потребите на рудникот, во 1893 година била отворена железничката линија Софија – Перник, а во 1895 година се запалила првата сијалица во Бугарија во Перник, дури и пред тоа да се случи во Дворецот на кнезот. Во 1927-1928 година, со средства од рудникот и по негова иницијатива во Перник била пуштена во експлатација електроцентракла, прва модерна електрана од тоа време и прва од ваков вид на Балканскиот полуостров. Таа со електрична енергија ги снабдувала не само рударските места, туку се користела и за потребите на домаќинствата, како резултат на што Перник е една од најраните електрифицирани населби во земјата. Тука е направен првиот урбанистички план на денешното маало „Тврди ливади“, каде што се наоѓале нивите со зеленчук. Станбениот комплекс е првоит модерен работнички кварт во Бугарија и од 1994 година е прогласен за споменик на културата од локално значење. Во 1932 година била изградена симболичната зграда на Дирекцијата за рударство. Тоа на градот му дал статус на национален рударски административен центар.
Рудникот брзо се етаблирал како едно од најмоќните и најпрофитабилните државни претпријатија во земјата за првата половина на дваесеттиот век. Затоа, во 1934 година индустрискиот комплекс „Мини – Перник“ станал генерален менаџер на сите рудници. Тука била привлечена интелигенцијата на тогашната Бугарија – инженери кои дипломирале во Франција, Белгија, Германија, Русија, а подоцна и во Бугарија, лекари, наставници, техничари, уметници, многу странци. Со нивното пристигнување тие го пренеле европското искуство во организирање на производството, урбанистичкото планирање на населбата, организацијата на општествената и културната активност. Кон крајот на 1901 година, селото Перник го имало својот прв цивилен дувачки оркестар во Бугарија. Пред да биде прогласен за град Перник, имал парк со рударски гудачки оркестар, театар, добра спортска база, културни и образовни, добротворни, културни и спортски организации. Чешките инженери го донеле првиот модерен рулет за коцкање. Кафеантите се зголемиле од 44 во 1930 година на 320 во 1944 година. Централната црква во Перник биле изградена во 1919 година од страна на рудникот. Таа е именувана по заштитникот на рударите – Свети Иван Рилски, кој стана светец -заштитник на Перник.
Во 2000 година, државната рударска компанија беше прогласена за ликвидирана и престана со работа. Првиот рудник е претворен во музеј – единствен на Балканскиот полуостров. Приватната компанија за ископување јаглен „Мин Индустри“, правен наследник на поголемиот дел од имотот на државниот рудник, има права на концесија на 139.230 декари во регионот Перник. Областите се протегаат од селото Кладница во Витоша, го опфаќаат речиси целиот Перник и завршуваат во селото Јарџиловци.
„Се ближи крајот на експлоатацијата на јагленот. Рударите, меѓутоа, се пристојни луѓе. Со овој празник сакаме да се потсетиме на подемот што го дадоа на бугарската енергетика и економија,за бугарската држава. Исто така, гласно да кажеме дека рударите ќе бидат способни да работат достоинствено и во други индустрии“, уверуваат„ Мин индустрија “.