Романски граѓани се против изградба на нов реактор на бугарската нуклеарка Козлодуј

Од:

Бугарските власти планираат изградба на трет нуклеарен реактор во Козлодуј на 3,7 километри од романската граница, а жителите на областа Олтенија се против ваквата инвестиција.

Властите во Софија тврдат дека нема опасност за жителите во јужниот дел на Романија. Единствен проблем би бил во случај на несреќа, а тогаш 23 населени места од двете страни на реката Дунав би биле во опасност. Жителите на градот Дабулени велат дека доволно страдале од нуклеарката, пишува весникот „Адеварул“.

– Радијацијата не опколува од секаде. Отровното депо е на границата со Романија. Не се согласуваме да биде изграден уште еден реактор во Козлодуј. Подготвени сме да протестираме на улица, за да се слушне нашиот глас. Сите луѓе во зоната се загрозени од оваа радиоактивност, изјавил еден жител на Дабулени.

Властите во романскиот округ Долж оценуваат дека ваква инвестиција со ништо не и помага на областа.

– Инвеститорите ја избегнуваат оваа зона. Во Џигера имаме бањи, но никој не сака да вложи финансиски средства за нивна реконструкција, изјави заменик градоначалникот Штефан Гаура.

Нуклеарната централа Козлодуј е единствената бугарска нуклеарка и се наоѓа во близина на реката Дунав, на четири километри од границата со Романија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото