Ризиците на војната против кирилицата во Вуковар

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Основна особина на балканските националисти е дека секогаш ги интересира само симболична порака на некои политички мерки, но не и нејзиното реално влијание на подобрување на условите за живот на луѓето. Малку работи покажуваа оваа балканска блокада на свеста како остварувањето на правото на користење на мајчин јазик и писмо во некоја локална заедница.

Од позиција на граѓаните, најважно е дека во Хрватска, според Уставниот закон за правата на националните малцинства, во тие градови и општини каде малцинството е најмалку третина од населението, граѓаните со јавните власти и тие општинските, жупаниските и властите од централната држава, можат да комуницираат на својот јазик и писмо.

На обичните луѓе, припадниците на српската заедница, важно им е да можат секој поднесок да го предадат, на плашејќи се дека некој за некој збор ќе им забележи дека не е хрватски, туку српски, дека тој поднесок може да биде напишан на кирилично писмо, но посебно е важно тоа дека јавниот службеник не смее да го врати од шалтер и да го прати на судски преведувач за срспки јазик, ако покрај тој поднесок приложат некој документ издаден во Србија и напишан на српски јазик и кирилично писмо.

Пример на Истра

Примената на правото на користење на мајчиниот јазик и писмо во локалните заедници значи и тоа дека топографските плочи и плочите на јавните институции треба да бидат напишани на двата јазика, т.е. на двете писма кои се употребуваат во локалната заедница. Примената на двојазичност на топографските плочи на припадниците на локалната заедница всушност не значи ништо конкретно, туку претставува само симболична порака.

Истарските регионални власти, кои повеќе од 20 години ги контролира регионалната либерална партија ИДС, се обезбедија на подрачјето на цела Истра да го применуваат правото на италијанското малцинство со користење на малцинскиот јазик и писмо, иако Италијанци во Истра има далеку помалку од третина население.

Со тоа што во Истра при вработувањето во локалните и државните органи на власта еден од условите е знаење на италијански јазик, што припадниците на италијанската заедница во секој град и општина можат со јавните власти да комуницираат на италијански, а и со тоа што секаде (па и до меил адресата на жупанијата) во јавните натписи се истакнати и италијански топоними, се праќа јасна порака за тоа дека за регионалниот идентитет на Истра италијанскиот културен придонес исклучително е важен и дека без италијанскиот придонес не би имало ваков истарски општествен, но и политички идентитет.

Конвиненца, за која политичките Истранци сакаат да зборуваат, се остварува на овој начин. Во истарскиот политички пристап има и малку итрина. ИДС одамна се отвори кон организациите на италијанските есули, оптанати кои по Втората светска војна ја напуштиле Истра. Италија никогаш не дозволила есулите да се распрснат по Италија, туку ги одржала во региони покрај границата со поранешна Југославија, како компактна заедница, а со привилегиите во работењето со државата обезбеди тие економски да зајакнат и да претставуваат релевантна политичка сила во Трст и на североисточниот дел на Италија.

Така групираните есули со години редовно градското лидерство го бирале од градовите од кои се иселиле, се додека тоа не станало бесмислено, тогаш кога истарските градоначалници почнале да работат и во градските собранија да ги примаат своите италијански колеги.

Единствен проблем во Вуковар

Во Хрватска, секако, проблемот не е Истра. За чудо, проблем не се ни малите градови и општини на подрачјата кои се ослободени од Бура и во 20 општини двојазичноста се применува без пречки. Проблем е Вуковар. Вуковарскиот регион е тој каде се Хрватите повратници, а српската заедница ја сочинуваат хрватски државјани со српска националност кои пред војната живееле на тоа подрачје, но и тие кои во периодот до мирната реинтеграција се преселиле од другите делови на Хрватска.

За разлика од другите делови на Хрватска, во кои Србите значително се подзастапени во админстративниот апарат на државата, градовите и општините и во јавните институции, на вуковарското подрачје е воспоставена целосна еднаквост во уделот на припадниците на српската заедница во јавната администрација, јавните служби и компании, во однос на застапеноста во населението.

Политичкото водство на српската заедница во Вуковар инсистира на модел на сегрегација на двете национални заедници во училишниот систем, а двете заедници, мнозинската хрватска и малцинската српска, во Вуковар живеат една покрај друга, со минимална меѓусебна комуникација.

Прашањето, за кое двете заедници не можат да се усогласат гласи: Дали во Вуковар живеат повеќе или помалку од 33 отсто жители со српска националност. Пописот на населението наведува дека Срби има над 33 отсто, но Хрватите во Вуковар тврдат дека тоа е затоа што голем број припадници на српската заедница само формално се пријавени во Вуковар, а живеат во Војводина, значи, преку границата.

Во две години, колку што во Хрватска се води полемика за правото на српската заедница на користење на малцинскиот јазик и писмо, кое се темели на тоа сите Срби во Вуковар да се над третина од населението, никој никогаш не го поставил клучното прашање. Дали тие со јавните власти да комуницираат на свој јазик и писмо, дали некој некогаш одбил било какво барање на градските власти, жупаниските служби, или централната влада, затоа што било напишано на српски јазик и кирилично писмо. Никој не не известил дали макар еден граѓанин бил упатен на судски преведувач да преведе училишна диплома издадена во Србија на српски јазик и кирилично писмо. Војната во Вуковар се водеше околу натписите, плочите на јавните институции, бидејќи државните власти се одлучија да го спроведуваат уставниот закон и ги променија сите тие плочи, ги напишаа на двете писма кои треба да бидат во јавна употреба.

Српската заедница во Вуковар во почетокот на се праша во тој судир, кој се водеше меѓу двете групи Хрвати во Вуковар: таа која ја поддржа актуелната власт и таа мнозинската, која го отфрлуваше правото на манифестативна двојазичност во Вуковар. И на поддржувачите на Владата и на поддржувачите на опозициската ХДЗ тој судир им одговараше, за јасно заземање на позиции во политичката арена и нејзината биполаризација. Водството на српската заедница во Вуковар, владината страна ја одбра дури откако во Вуковар се променија локалните власти, откако беше поразен градоначалник на СДП и сменето неговото собраниско мнозинство, во кое учествуваше и српската малцинска партија СДСС.

Окно на шанси

Судирот до некоја мера настојуваше да го смири Уставниот суд, кој сите одлуки за манифестативната двојазичност во Вуковар ги суспендираше на година дена и ги обврза властите во период од една година, што истекува идниот месец, да донесат регулатива за тоа во кои делови на градот и под кои услови ќе се поставуваат топографски плочи напишани на двете писма. Се чинеше дека на локалните власти во Вуковар, Уставниот суд отвара врата да ги легализираат натписите на двете писма во вуковарските населби со значителен дел на српско население, а од примената на двете писма да ги изземат чувствителните делови на градот, тие кои имаат симбилично значење, поврзано за рушењето на режимот на Милошевиќ и ЈНА во тој град, окупацијата и убиството на бранителите и цивилите по окупацијата.

Иако окното за шанси им беше отворено, во вуковарското Градско собрание не се одлучија да го искористат, туку целиот град го изземаа од примената на правото на користење на малцински јазик и писмо. Јасно е дека се работи само за една фаза на политички процес, дека таа одлука не е во согласност со Уставниот закон за правата на националните малцинства, дека ќе ја оспоруваат и парламентарната Комисија за Уставот, деловникот и политичкиот систем, а потоа и Уставниот суд.

Малцинските права се тие права кои се остваруваат тешко, со долги политички борби. Нивното осигурување никогаш не можат да го обезбедат ни малцинско граѓанските општествени активисти, ниту малцинската политичка класа, без силна поддршка во мнозинскиот народ. Малцинските права не се остваруваат, понатаму, со нивите наводни озаконувања, па дури и ако се запишани во најважните државни акти: Уставот, уставниот закон, илу дури во некој документ кој претходи на демократското уставно уредување.

Во Австрија правото на користење на малцинскиот јазик и писмо, за словенечката и хрватската заедница во таа држава, е регулирано уште со Австрискиот државен договор од 1955 година, што го потпишале сојузничките окупаторски сили, како претпоставка за донесување на Устав и спроведување на слободни избори. Наспроти тоа, во Корушка, низ историјата на главно конзервативна покраина, дури сега постепено се остваруваат правата на словенечкото малцинство на двојазичност. Сето тоа време остварувањето на правото на Хрватите во Бургенланд т.е. Градишка, главно со левата власт, никогаш не било доведено во прашање.

Во еден краток период во 70-тите години, Корушка имала социјалистичка влада и таа без обид за воспоставување на консензус, сакала да го оствари правото од Австрискиот државен договор, но резултатите биле деградација на малцинските права, дополнителна изолација на малцинството и одложување на остварувањето на тие права за следните 30 години.

Дури кога односите меѓу Австрија и Словенија, како самостојни држави, целосно биле регулирани и кога Австријците кои зборуваат германски сфатиле дека за нив знаењето на словенечки јазик претставува компаративна предност на новите пазари, словенечкото право на користење на малцински јазик и на образование на истиот, почнало да се остварува без проблеми.

Сегментите на правата на малцинствата

Правото на српската заедница на двојазичност во Вуковар мора да се оствари. Прво мора да се спроведе тој сегмент на тоа прабо кое на луѓето реално најмногу им значи, мора да се обезбеди вуковарските Срби да можат да комуницираат на својот јазик и писмо со јавните власти. Идниот чекор се топографските ознаки. Тоа право лесно ќе се оствари ако хрватската заедница за себе препознае некоја корист во познавањето на кириличното посмо и владеењето со него.

Никакви насилни мерки, како тие кои ги применуваше владата на Милановиќ кога при поставувањето на назнаки напишани на двете писма и спречување на нивното укинување, полицајците се судираа со организирани граѓани, нема да придонесе за прифаќање на правото на двојазичност и употреба на малцинското писмо. Уште помалку за тоа ќе придонесат протестите од Белград, чија дипломатија како да ја заборава одговорноста на својата држава кон градот, кој го разрушија режимот на Милошевиќ и ЈНА; а неговите жители ги десеткуваа и ги направија бегалци.

Вуковар е град на границата, од хрватска перспектива далечна периферија. За Србите тој е гран на Западот, на важно место на дунавскиот пловен пат. Србија, веројатно за 10 или 20 години ќе стане членка на ЕУ. Тогаш границата ќе исчезне, а демографските трендови ќе се променат.

Хрватска, ако сака да го зачува хрватскиот идентитет на Вуковар, мора да смета на овие долгорочни трендови, на тоа дека со тек на времето Хрватите во тој град ќе бидат се помалку, а Срби се повеќе и дека границата еднаш ќе исчезне.

Единствена рационална политика на Хрватска, е политика на интеграција на српската заедница, а интеграцијата е можна само со остварување на сите пропишани права, а и спречување на сегрегацијата каква што се одвива сега. Војната околу кирилицата долгорочно ја загрозува позицијата на Хрватска во Вуковар и на Дунав, но креаторите на политиката во Загреб не се свесни за тоа.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград