Во организација на локалната власт на косовската општина Витина, вчера попладне во центарот на градот откриeн е споменик на поранешниот американски дипломат Ричард Холбрук.
На свеченоста присуствувале претставници на политичкиот живот, дипломатските претставништа во косово, како и функционери од повеќе општини, не само од Косово, туку и Албанија, од Македонија како и од Прешево.
Градоначалникот на општина Витина Сокол Халити, во обраќањето до присутните рекол дека Холбрук останува икона на мирот, не само за Албанците во Косово, туку за целиот свет.
На свеченоста се обратил и градоначалникот на Гњилане,Лутфи Хазири, според кого Холбрук ќе остане личност која на Балканот му обезбедила мир и стабилност.