Резултатите од ДНК анализата на телото кое вчера беше пронајдено во Дунав во Белград, а за кое се претпоставува дека е на Матеј Периш сплиќанецот кој на крајот од декември минатата година исчезна во главниот српски град се најавени за денеска.
Српските ниституции кои ја спроведуваат истрагата, резултати од споредбата со ДНК примерокот земен од тактото на Матеј, Ненад Периш најавија дека ќе ги објават во текот на денов.
Телото беше пронајдено вчера околу 9.30 околу осум километри низводно од местото каде што последен пат бил виден Матеј Периш. Според облеката на телото, маичка со апликација, фармерки и една бела патика, извесно е дека се работи за младиот Хрват.
Неговиот тактко веќе е во Белград и соопшти дека семејството се помирува со вистината.