Рекорден број нови случаи на Ковид-19 во Црна Гора

Од:

Во Црна Гора се потврдени рекордни 496 нови случаи на коронавирус, што е најмногу за 24 часа од почетокот на пандемијата а починале седум лица.

Во изминатото деноноќие се излекувале 240 пациенти, соопшти Институтот за јавно здравје во Подгорица.

Помошник директорот на установата, Сенад Бегиќ, изјави дека случувањата на терен апсолутно не одат во прилог на епидемиолошката ситуација и дека се очекува бројот на заболени од коронавирус во следните недели да биде уште поголем.

Тој на конференција за новинари во Подгорица рекол дека во текот на последните 24 часа, врз основа на 1.299 тестирани примероци, регистрирани се 496 нови случаи, а дека во текот на вечерта и утрото ќе бидат обработени уште 500 примероци од приватните лаборатории, пренесе порталот „Вијести“.

Бегиќ најавил и заострување на мерките за сузбивање на епидемијата.

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Во Беране се запали автобус со 80 деца, три се болнички згрижени

Горан Наумовски