Регистрирана е првата жртва од силниот земјтрес што ја погоди Албанја во утринските часови.
Од под урнатите на стамбена зграда во Туман, кај Фуш Круја, извлечено е тело на повозрасна жена, која во своите прегратки го заштитувала своето внуче, кое за среќа спасувачките екипи го извлекле од под урнатините и е во добра здравствена состојба.
Во Драч во урната зграда се уште се заглавени најмалку десет лица,кои спасувачкте екипи се обидуваат да ги извлечат.
Во Драч,каде материјалната штета е огромна, веќе прстигна премиерот Еди Рама, минстерката за одбрана Олта Џака и минстерот за внатрешни работи Сандер Лешај.
Сите здравстени установи и другите структури се во мобила состојба.
По првиот потрес во 3:56 часот,со епицентар во близина на Драч, јачина од 6,4 степени според Рихтер, регистирина се најмалку 15 потреси, но со помала јачина.
Денешниот е најсилен земјотрес почувстван во земјата во последните 30 години. Блансот од преходнот земјотрес што сто така беше со епцентар во Драч беше повеќе од 100 повредени над 300 домови оштетени.