Регионална конференција: Во Западен Балкан во пораст трговијата со деца

Од:

Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференција „Заедничко преземање мерки во криза: Заштита на децата од трговија со луѓе и експлоатација на Западен Балкан“.

На Конференцијата беше истакнато дека пандемијата дополнително ја зголеми ранливоста на децата, како резултат на растечката економска несигурност, невработеноста и ограничувањата на движењето.

Децата од Западен Балкан се жртви на трговија со луѓе за различни цели: сексуална експлоатација, вклучително и производство и дистрибуција на материјал за сексуална злоупотреба на деца, присилен брак, присилна работа, присилно питачење и присилна криминална активност, се наведува во соопштението од Конференцијата.

Според последните официјални извештаи од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија, повеќето од идентификуваните деца -жртви во текот на 2020 година биле девојчиња – 18 во Србија, 24 во БиХ, шест во Северна Македонија, но имало и момчиња идентификувани како жртви – шест во Србија, седум во БиХ.

Извештаите на Групата експерти на Советот на Европа за борба против трговија со луѓе (ГРЕТА) истакнуваат дека вистинскиот број на луѓе, вклучително и деца, кои се жртви на трговија со луѓе, веројатно е поголем отколку што покажуваат официјалните податоци.

Регионалната конференција е во организација на заедничката програма на Европска Унија и Советот на Европа „Хоризонтален објект за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, на која учествуваат повеќе од 130 учесници од регионот и пошироко.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски