Речиси 5.000 новозаразени во Словенија, најмногу од средината на февруари

Од:

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 4.935 инфекции со коронавирус, што е за 17 отсто повеќе од пред 7 дена и најмногу од 14 февруари, кога беа регистрирани 7.172, објави словенечката влада.

Седумдневниот просек на потврдени случаи продолжува да расте, моментално на 2.809, што е за 3,7 отсто повеќе од претходниот ден.

Инциденцата од 14 дена на 100.000 жители е исто така во пораст, моментално на 1.571, што е за 5,2 отсто повеќе од понеделникот.

Според Националниот институт за јавно здравје, моментално има 35.092 активни случаи на инфекција, 7.495 повеќе од пред 7 дена.

Освен очекуваниот пораст на инфекциите поради олеснување на мерките, причини за ваквиот тренд се ниските температури поради кои луѓето остануваат во затворени простории и поголемата заразност на се поприсутната подваријанта омикрон БА2, изјави за медиумите инфектологот Бојана Беовиќ.

Таа препорачува да продолжат да се применуваат сите пропишани антиепидемиски процедури и вакцинации, особено за ранливите групи, а маските да се носат во затворени простории.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски