Разрешен главниот аналитичар на Јосиповиќ поради оценки за референдумот за независност на Хрватска

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ денеска соопшти дека го разрешил својот досегашен главен аналитичар Дејан Јовиќ поради неговата изјава дека референдумот за независност на Хрватска бил „нелиберален и антидемократски“.

– Веќе кажав дека воопшто не се согласувам со таа констатација. Станува збор за изјава која е штетна и погрешна и затоа донесов одлука за разрешување на господинот Јовиќ, истакна Јосиповиќ.

Јовиќ во списанието на Факултетот за политички науки „Политичка мисла“ напиша дека референдумите за независност во поранешна Југославија, освен црногорскиот во 2006 година, биле многу нелиберални.

– Можеби беа демократски, ако под демократија се подразбира само утврдување кој има повеќе, а кој помалку. Но либерални не беа сигурно, бидејќи секој немаше доволно слобода, без оправдан страв од драстични последици, да може да каже што точно мисли, смета аналитичарот.

Тој во својот текст напиша дека немало доволно слобода, а ја нема ниту денес.

– Агресивноста и насилството беа главни карактеристики на нашите референдуми за независност, оцени Јовиќ.

Референдумот за хрватската самостојност се одржа на 19 мај 1991 година.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег