Разоткриена лажна заболекарка и надрилекарка во Србија, измамила најмалку четири институции

Од:

Снежана Стевиќ од Србија е приведена под сомнение за вршење стоматолошки услуги и анти-ејџ третмани во својата ординација, во која работи со лажна диплома.

Оваа лажна заболекарка и надрилекарка користела фалсификувана диплома која ја заверила кај нотар, а потоа ја поднела копијата во Стоматолошката комора на Србија.

Според директорот на Стоматолошката комора, д-р Милојко Јовановиќ, тие немаат ингеренции да ја проверуваат веродостојноста на дипломите ако претходно немаат налог за тоа. Дополнително, фактот што е заверена не остава простор за сомнеж.

Лажната диплома потекнува од Универзитетот во Приштина, а врз основа на тоа осомничената полагала стручен државен испит. Потоа, во својата ординација вршела надрилекарски, стоматолошки и естетски интервенции, на што од Стоматолошката комора велат дека за анти-ејџ третмани е потребна дополнителна обука со претходно одреден фонд на часови. Со ова, таа измамила и „прескокнала“ најмалку четири институции – пат кој е потребно да се помине од моментот на земање диплома па се до нудење лекарски услуги.

На Снежана ѝ е определен притвор. Таа признала дека извршува естетски третмани, но негира дека дипломата е лажна.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани