Раздвиженост во Атина и покрај препораките да се остане дома

Од:

Пролетно сончево саботно претпладне, како и кое било друго, но со нијанса намален сообраќај и затворени кафулиња, продавници и ресторани, ваква е сликата во повеќе делови на грчката престолнина и ништо не наликува на тоа дека во земјата најмалку 10 лица починаа, а речиси 500 се заразени со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Апелите од Владата и епидемиолозите до граѓаните да останат дома, како да не стигнаа до сите Грци.

Дописничката на МИА од Атина направи обиколка во неколку населби во грчката престолнина, а раздвиженоста на граѓаните е повеќе од очигледна.

Улиците полни со автомобили и мотори, клупите во парковите со пензионери, младите со кафиња за носење во парковите.

Иако препораките од грчката влада се граѓаните да го сведат нивното движење на минимум, само доколку е неопходно.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во пораката до граѓаните во четвртокот се осврна токму на викендов и истакна дека од однесувањето на граѓаните ќе зависи дали владата ќе треба да преземе уште подрастични мерки за ограничување на движењето.

-Викендов е можност да ја покажеме нашата општествена одговорност. Бидејќи нема да имаме никаква професионални обврски, нема да се движиме надвор. Остануваме дома и читаме, слушаме музика, гледаме филмови, комуницираме со нашите, со оние кои ги сакаме. Излегуваме сами на прошетка или трчање. И во секој случај, избегнуваме собирања. Од сите нас и од нашето однесување, на крајот, зависи дали владата ќе треба да преземе уште подрастични мерки за ограничување на движењето, рече Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит