Расте смртниот биланс во Албанија, продолжува потрагата по преживеаните

Од:

Во текот на ноќта продолжија спасувачките операции во Албанија, каде во вчерашниот силен земјотрес загинаа најмалку 25 лица.

Во најсилниот земјотрес кој ја погодил таа земја во последните декади, урнати се голем број згради, а по него следуваа најмалку 250 вторични потреси.

Илјадници луѓе ноќта ја минаа на фудбалскиот стадион во Драч, каде војската постави шатори.

– Подрачјето на Драч и Тумана се најтешко погодени. Спасувачките акции продолжуваат во урнатите згради, изјави албанскиот министер за одбрана Олта Џака. Тој истакна дека Италија, Франција, Романија, Турција, Грција, Хрватска, Црна Гора, Косово и Србија испратиле 200 специјализирани војници, алат и тимови со кучиња-трагачи за да помогнат во давањето помош.

Владата на Албанија денешниот ден го прогласи за Ден на жалост, при што знамињата на сите институции во Албанија се спуштени на половина копје, а училиштата затворени. Знамето на Албанија пред штабот на НАТО и во текот на вчерашниот ден беше на половина копје.

„Знамињата на нашите сојузници Албанија и Франција се на половина копје пред седиштата на НАТО, по земјотресот во Албанија и во чест на загинатите француски војници на Мали, соопшти Алијансата.

Претседателот на Косово Хашим Тачи исто така го прогласи денешниот ден за Ден на жалост во земјата во чест на жртвите од земјотресите во Албанија, кои беа почувствувани речиси на целиот Балкан.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици