Расте бројот на новозаразени од Ковид-19 во Грција

Од:

Веќе втор ден во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, а денеска беа соопштени 858 новозаразени, највисок број во изминатите 15 дена.

Во изминатите 24-часа починаа 32 лица, а 274 граѓани се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега.

Загриженост кај епидемиолозите во Грција предизвикува областа Атика, поширокиот регион на Атина, со оглед на тоа дека секојдневно, речиси половина од новозаразените се во овој дел од земјата.

Денеска од 858 случаи, 409 се во конкретната област.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната редовна прес конференција рече дека во Атика, активни се 2.374 случаи, нешто што ги загрижува.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани вкупно 154.083 позитивни случаи, а починаа 5.724 лица.

Би можело да ве интересира

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција