Расмусен: Вратата на НАТО е отворена за Црна Гора

Од:

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Андерс Фог Расмусен изјави денеска по средбата со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ дека НАТО ги поддржува напорите на Црна Гора за членство во организацијата.

– Напорите, кои ги преземате денес, утре ќе бидат витални за вашиот напредок кон членството, рече Рамусен на заедничката-пресконференција во седиштето на НАТО во Брисел.

Тој ја охрабри Црна Гора да продолжи со реформите, особено кога станува збор за воспоставување и зачувување на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и на полето на одбраната.

Расмусен им се заблагодари на црногорските власти за придонесот во мисијата на НАТО во Авганистан.

Ѓукановиќ нагласи дека Црна Гора од прогласувањето на независноста има континуирано одлична соработка со НАТО и додаде дека членството во Алијансата е најважен стратешки приоритет за неговата Влада.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он