„Рамковниот договор“ за железничка линија меѓу Белград и Приштина ќе биде потпишан утре

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека утре во Минхен ќе биде потпишан “Рамковен договор” за железничкиот сообраќај меѓу Белград и Приштина.

Вучиќ по состанокот со претседателскиот претставник на САД, Ричард Гренел изјави дека договорот ќе биде потпишан утре изутрина од директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ и истакна дека договорот е од големо значење бидејќи ќе овозможи слободен проток на луѓе и стоки.

“Ќе го направиме тоа по правила и процедури.

Кога ќе се воспостават железничката и авионската линија како и автопатот ќе се воспостави и слободното движење на луѓето и робата и затоа е важно укинувањето на таксите за роба од централна Србија”, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека е благодарен на Гренел бидејќи инсистира на укинување на царините.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски