Рама: За Албанија повеќе нема препреки за преговори со ЕУ

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека веќе нема никакви пречки за преговорите на Албанија за прием во Унијата.

Рама ова го изјави по одлуката на Собранието на Северна Македонија да го усвои францускиот предлог за влез во ЕУ.

„Веќе нема никакви пречки за преговорите за членство на Албанија во Европската унија. Парламентот на Северна Македонија штотуку даде зелено светло на последниот француски предлог. Апсурдното држење на Албанија како заложник заврши“, напиша Рама на Фејсбук, реагирајќи на денешната одлука на македонското Собрание.

Тој додаде дека претходните три години од одлуката на Европскиот совет да го отвори патот за преговори за Албанија биле полни со предизвици кои биле тест не само за владата, туку и за народот и нивниот карактер.

Рама изјави дека сега е отворено ново поглавје во процесот на евроинтеграции.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он