Рама: САД имаат долг за подмирување кон нас

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека САД имаат долг за подмирување кон неговата држава поради засолнувањето на припадници на иранската опозиција МЕК во камп близу Драч, поради што државата се соочи со кибер-напади од Иран.

Рама објаснил дека „не можете да правите сојуз со стратешки сојузници кои земаат што ви се допаѓа и отфрлате она што не ви се допаѓа“.

Гостувајќи во телевизиска емисија тој истакнал дека една држава има обврски и моменти кога мора да стане вредна за нејзините најголеми сојузници

-Имате свои обврски … Ние го нудиме нашиот дом, тие треба да им гарантираат егзистенција, а вие да гарантирате безбедност. Денес е јасно дека ние си го завршивме својот дел, тие опстанаа, додека нашите сојузници имаат долг да за подмирување кон нас, посочил Рама.

Во кампот кај Драч се сместени над три илјади припадници на иранската опозиција, МЕК.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он