Рама: Против коронавирусот не може да се борите со политика, правиме сè во соработка со СЗО

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер напиша дека против коронавирусот не може да се борите со политика, ниту со сештологија, уште помалку со страв и со паника и додаде дека се преземени сите мерки во соработка со Светската Здраствена Организација.

„Ние од првиот момент на неговото појавување се подготвуваме во тесна соработка со Светската Здравствена Организација. Правевме и правиме сè според планот. За жал, оваа земја, при секоја природна непогода или катастрофа или здравствена итна состојба што се појавува, мора да се соочи и со својата голема несреќа на канали и портали, каде во овие случаи цветаат незнаењето, злобата, мрзеливоста и лакомоста на маскарадата, која во вакви случаи станува нечовечност, напиша Рама.

Додава дека и на врвот на паразитите кои се впуштаат над јавноста во потреба од информација, повторно, како и секогаш „излегуваат злобните политичарите кои сакаат хаос, очај и се во очајнички обиди да го вратат минатото кое ги однесе засекогаш со себе“.

Рама вчера ја демантираше аудио пораката на социјалните мрежи за појава на коронавирус во Албанија,што предзвика паника во земјата,уверувајќи ги албанските граѓани дека нема случај на коронавирус во земјата.

-Истите болни умови, кои ве вознемирија со лажните вести во текот на долгите денови и ноќи по земјотресот се во акција. Не потклекнувајте на ваквите лажни вести. Коронавирусот не ја има погодено Албанија! Но, како и за целиот свет, постои потенцијална закана,за што се преземени сите мерки во случај ако треба да се соочиме,- посочи Рама.

Би можело да ве интересира

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар