Рама: Посакуваме да ја унапредиме соработката со Србија

Од:

На прагот на посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ на Албанија, неговиот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека неговата земја посакува унапредување на соработката со Србија и „заедно да постигнат напредок на патот кон мирот и интеграцијата во ЕУ“.

Рама нагласува дека ова е прва посета на српски премиер на Албанија.

Претходно Вучиќ, за агенцијата Анадолија, изјавил дека како премиер остварува прва официјална посета на оваа земја, во рамките на градењето добри односи и заеднички економски развој.

– Ова ќе биде првпат во историјата на двата народа и двете земји.Ќе одам со желба да изградиме подобри односи, да разговараме за нештата кои сеуште не разделуваат, изјавил Вучиќ.

Српскиот премиер во Албанија ќе допатува утре(среда),кога по официјалната церемонија ќе му биде организиран гала прием во Палатата на бригадите.

Двајцата премиери ќе имаат одвоена средба а потоа ќе се сретнат и делегациите на двете земји, по што Рама и Вучиќ ќе имаат заедничка прес конференција.

За време на дводневниот престој во Тирана, 27 и 28 мај, Вучиќ, се очекува да се сретне и со други албански високи функционери, меѓу нив и градоначалниот на Тирана и лидер на опозициските демократи,Љуљзум Баша.

Во четврток Вучиќ ќе учествува на „Виенскиот економски форум“, на кој ќе учествуваат премиери на земјите од јадранската и црноморската иницијатива.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ