Рама од дома до Владата оди пеш, пазараува и шета без обезбедување

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама дестинацијата од неговиот дом до владата ја минува пеш. Како обичен граѓанин тој оди по тротоар меѓу случајните минувачи, не вознемирувајќи го никој.

Всушност албанските граѓани навикнати се поранешните премиери да ги гледаат како минуваат со автомобили и придружба или обиколени со обезбедувачи. За разлика од нив педесетгодишниот Рама редовно граѓаните може да го видат меѓу нив на улица, сам или со сопругата Линда како се шета, како обичен граѓани, дури така оди и во супермаркетите да пазарува.

Самиот тој во повеќе наврати има изјавено дека многу повеќе сака пеш да ја изоди дестинација од неговиот дом до Владата,зашто не станува збор за некоја голема оддлаченост, па попусто би го земал автомобилот и би ја загадувал околината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“