Рама ненајавено отпатува во Мармарис на средба со Ердоган

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска остварил средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Веста ја објави лично Рама на социјалните мрежи, каде постира и заедничка фотографија.

„Со претседателот на Турција, мојот драг пријател, Реџеп Таип Ердоган, во неговата летна резиденција во Мармарис, разговаравме за односите меѓу Албанија и Турција, предизвиците на времето, зајакнувањето на економијата во услови на пандемија со Ковид-19,унапредувањето на билатералната соработка , како и состојбата во регионот на западен Балкан ,напиша Рама.

По оваа ненајавена посета на Турција, Рама утре и задутре ќе престојува во Грција.

Во својство на претседавач на ОБСЕ, албанскиот премиер ќе учествува на собирот што го организара списанието „Економист“(The Economist) на тема „Зајакнувањето на кохезијата во трубулетното време во Европа“што ќе се одржи во Атина следните два дена.

На маргините на овој собир Рама ќе се сретне и со неговиот грчки колега Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите