Рама: Немаме информации за евентуален терористички напад од Иран, но следиме се зашто пред нас е непредвидлив режим

Од:

По кибер-нападите врз системите на албанските институции, прашан колку е загрозена Албанија од ирански терористички напад, премиерот Еди Рама вели дека до сега „нема информации за зголемен ризик“.

Сепак, додава, дека во секој случај Албанија следи се, бидејќи „пред нас имаме ѓаволски и непредвидлив режим“.

-Немаме податоци дека се чувствуваме загрозени, но од друга страна имаме ѓаволски режим, кој може да биде непредвидлив, вели Рама.

Тој повторува дека од кибер-нападите не се украдени чувствителни податоци на албански државјани.

-Сè уште нема никакви податоци во дигиталниот систем, па затоа нападите кои дојдоа од Иран не можат да имаат никакви податоци за албански граѓани или се поврзани со тајни податоци, тврди Рама.

Според него сите истраги и сите записи зборуваат за групи кои работат по налог и директно спонзорство на иранската влада.

Албанија хакерите ја нападнаа на 15 јули, кога, три недели вон функција ги остави сите владини системи.

Вториот беше вечерта на 9 месецов кога беа нападнати системот ТИМС на граничните премини, како и двата внатрешни полициски системи, АДАМС и МЕМЕКС, каде со години се евидентираат главните податоци за криминалците.

Потоа хакерите почнаа да објавуваат податоци а пред три дена Обвинителството им забрани на медиумите реобјавување на истите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он