Рама: Не испраќајте повеќе храна и облека, време е за пари

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска апелираше до своите сонародници во државата и странство дека на погодените од земјотресот повеќе да не им се испраќа храна и облека, туку да се придонесе финансиски.

Рама на својот „Фејсбук“ профил напиша дека складиштата се полни со храна и облека и истакна дека сега е време за донации со пари преку отворени интернет платформи.

„Пристаништето Драч повеќе нема капацитет за складирање, потребите за храна и облека се задоволени, благодарение на многу луѓе, организации, фирми, институциии од внатрешноста на Албанија и надвор“, наведе Рама заблагодарувајќи им се на сите за донациите како и на разбирањето.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он