Рама му одговори на бугарското МНР: Пријатели смирете се – тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене!

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше веднаш откако бугарското Министерство за надворешни работи побара од премиерот Еди Рама да зборува на соодветен јазик на политичар на земја кандидат за членство во ЕУ.

„Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот говор! Многу точно! И јас имам едно прашање, а тоа е како Бугарија ќе ги решава билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји членки на НАТО!. Пријатели смирете се: тргнетего ветото или бидете трпеливи со мене!“ напииша Рама на Твитер.

Бугарското министерство за надворешни работи во острата реакцијата на изјавите на премиерот, пред се онаа дека неукинувањето на ветото е срам, истите ги оценува како навредливи, неиспровоцирани и остри.

-Не е првпат да слушаме остри, провокативни, навредливи квалификации од шеф на влада. Таков низок јазичен регистар повеќе не може да се оправда со природата и немањето европски комуникациски вештини, стои меѓу другото во реакцијата.

Очекуваме, стои понатаму во реакцијата, албанскиот премиер да ги адаптира своите изразни средства на јазик што му одговара на политичар на земја кандидат за членство во ЕУ.

-Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не треба да се нарушува со погрешна проценка на политичарот. Неприфатливо е односите меѓу државите да станат заложници на ексцентричноста на актуелниот албански премиер, се посочува во еакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он