Рама и Ли разговараа за изградба на автопат од Албанија до Македонија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама на покана на премиерот Ли Кечијанг престојува во дводневна официјална посета на Кина, јави дописникот на МИА од Тирана.

Kинеската новинска агенција Синхуа објави дека една од темите на разговор меѓу двајцата премиери бил и албанскиот проект да изградат автопат кој ќе ја поврзе Албанија со Македонија.

– Кина и Албанија ќе работат заедно на големи проекти, особено промовирајќи ја изградбата на автопат кој ќе ги поврзе Албанија и Македонија, изјави премиерот Ли, објави Синхуа.

Кабинетот на албанскиот премиер најави дека за време на посетата Рама ќе потпише договор за развој на пристанитето Шенѓин за следните 25 години.

На почетокот на 2014 година делегација на кинеското Министерство за трговија, задолжена за Европа, го посети пристаништето, кое со својата длабочина е поволно за прием на големи товарни бродови, за да се запознае со можностите за конкретни инвестиции.

Проектот предвидува да се изгради еден километар од пристаништето со капацитет од 60 милиони тони стока и прикотвување на бродови до 500 илјади тони. Албанија се надева дека од Шенѓин ќе направи пристаниште кое ќе го опслужува целиот балкански регион. Инвестицијата за овој проект се проценува на околу 2,2 милијарди евра. Претходната Влада на премиерот Сали Бериша во неколку наврати ова пристаниште на Јадранско Море ветуваше дека ќе му го отстапи на Косово.

Премиерот Рама, покрај другото, денеска се очекува да се обрати на Светскиот економски форум кој се одржува во Тианјин, источна Кина, додека в четврток ќе одржи предавање пред студентите на Универзитетот за финансии и економија во истиот град.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок