Рама формира Национален комитет за обнова и вети целосна транспарентност во трошењето на средствата

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама формира Национален комитет за обнова по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември.

На првата средба, што се одржа во Владата присуствуваа министри, претставници на хуманитарни организации, Академијата на науките, универзитети, на банки, потоа инженери, архитекти и градежници.

Изразувајќи благодарност до сите за подготвеноста, Рама истакна дека е важно да се пренесе пораката дека во овој момент луѓето се први, а несреќните се приоритет над приоритетите што „јасно се видело во раните утрински часови по катастрофата кога се мобилизирале и мали и возрасни за да направат она што можат“.

– Овој комитет е формиран како институција што ќе го придружува целиот процес на решавање и заздравување на раните сè додека не се заврши програмата за обнова. Верувам дека сите ние мора да се согласиме за транспарентност при искористување на сите средства. Владата е одговорна за државниот буџет и за тоа што ќе го стави на располагање од државниот буџет. Дури и буџетот што ќе се стави на располагање на програмата треба да се следи преку механизам за транспарентност што ќе го составиме, како и средствата собрани од организации за лицата кои имаат потреба, како и оние што ќе доаѓаат како придонеси од пријатели на Албанија, истакна Рама.

Со Комитетот ќе го раководи поранешниот министер за финансии Арбен Ахметај.

Рама изрази жалење што и покрај поканата на средбата не присуствувала опозицијата во овие тешки моменти кои со заеднички сили треба да се надминат.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он