Рама демантира дека има албански платеници во Украина

Од:

Премиерот Еди Рама ја отфрли изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој изрази сомневање дека во Украина има албански платеници.

На конференцијата одржана со потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, Рама рече дека ова е вознемирувачко и неосновано обвинување. Тој додаде дека внимателно го следи ова прашање.

-Во однос на руската пропаганда, разговаравме и за спомнувањето на Албанија од страна на властите во Москва за проблематично присуство во овој конфликт и обвинувањето дека Албанија ја снабдува Украина со платеници заедно со Косово што е обвинение на прво место без никаква основа, но и вознемирувачка. Сепак, ние многу внимателно го следиме и овој аспект, рече Рама.

Порача дека третата светска војна треба да се избегне, бидејќи, според него, оваа војна не засега сите нас и изрази уверување дека ЕУ има услови да ја неутрализира оваа ситуација.

-Мора да избегнеме трета светска војна, така што оружјето што го користи Кремљ, мора да го неутрализираме со многу трпение, со многу одлучност и со голема јасност дека тоа не е војна што не нè засега сите. Наше е целосно да го одбраниме она со што сме се бореле претходно и да не се враќаме таму, но исто така да не дозволиме руската сила да се прошири. Верувам дека ЕУ има услови ова оружје да го неутрализира и сигурен сум дека ќе го неутрализира бидејќи ги има сите ресурси, нагласи Рама.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица