Рама: Да направиме исто како Германците што направија за себе по Втората светска војна

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека се дава можност на Албанците и Србите за доброто на своите држави и целиот регион, да го направат она што Германците го направија за себе по Втората светска војна. Рама тоа го нагласи во заедничкото обраќање со премерот на Србија Александар Вучиќ, јави Танјуг.

– Тоа што сепак имаме различни ставови за некои работи не значи дека не сме свесни за фактот дека двете држави играат значителна улога во зачувување на мирот, рече Рама.

Тој вели дека верува оти заедно ќе успеат да ги унапредат односите и да спроведуваат  агенда за регион без граници.

– Се надевам дека заедно ќе тргнеме понатаму на патот кон Европската унија, потенцира Рама.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“