Рама: Албанија изложена на ризик од меѓународен тероризам

Од:

Албанија е изложена на ризик од меѓународен тероризам, ништо помалку отколку цела демократска Европа, изјави албанскиот премиер Еди Рама, пренесе АТА.

Рама на синоќешниот состанок посветен на националната безбедност рече дека според заклучоците на НАТО самитот, одржан во Велс, и според националната безбедносна стратегија, која е во сила од септември 2014 година, тероризмот е еден од најзначајните закани на денешницата.

Тој укажа дека од неодамна постои ново ниво на опасност од исламски тероризам бидејќи некои албански државјани се јавиле на поканата на терористичката Исламска држава (ИД), да се борат во Ирак и во Сирија.

Албанскиот премиер во врска со тоа ја критикуваше неподготвеноста на албанските судови, појавите како што се напади врз далноводи, експлозии во градски центри и криумчарење оужје „кои во Албанија во последните години биле многу“, да ги квалификува како терористички акти, иако тие се тоа според националното законодавство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“