Рафила: Во Романија само 0,4 проценти заразени по првата доза од вакцина против Ковид-19

Од:

Околу 4.000 Романци вакцинирани со првата доза на вакцина се заразиле со Ковид-19, соопшти романскиот претставник во Светската здравствена организација (СЗО), Александру Рафила. Според д-р Рафила, идентификувани се 400-450 случаи на заразени лица кои биле вакцинирани со двете дози.

Претставникот на Романија во СЗО појасни дека регистрираните околу 4.000 случаи на инфекција по првата доза претставуваат 0,4 проценти од вкупниот број, а кај оние со втора доза процентот е 0,08. Според него, ова покажува дека по првата доза, потенцијално ранливите луѓе веќе имале имунолошки одговор.

Заклучно со 15 март, во Романија се дадени 2.210.140 дози на вакцини на 1.487.183 лица, од кои 764.226 ја примиле првата доза на вакцината, а 722.957 ги примиле двете дози, според Националниот комитет за координација на активностите за вакцинација.

Пријавени се вкупно 7.324 несакани реакции на вакцините Фајзер/Бионтех, Модерна и АстраЗенека што се користат во државата.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски