Министерот за безбедност на БиХ, Фахрудин Радончиќ, денеска изјави дека европските партнери мора да знаат оти 10 илјади бегалци е премногу за безбедносните, хуманитарните и сместувачките капацитети на БиХ.
Претходно беа објавени информации дека како резултат на неконтролираното влегување на илегални мигранти од Република Турција во ЕУ, се очекува БиХ да прифати 10.000 мигранти.
– Претходно ги известив сите амбасадори на европските држави во БиХ дека бројката од околу 5.000 илегални мигранти исклучително тешко ја преживуваме. За прифаќање на квота од 10.000 мигранти воопшто не ни сакав да разговарам. За тоа, при потпишувањето на изјавата, ги запознав Изетбеговиќ и Комшиќ, изјави Радончиќ.
Тој додаде дека БиХ нема да дозволи „сè да падне на кантоните во кои Бошњаците се мнозинство или само еден ентитет“.
– Некои наши кантони веќе се премногу уморниот тоа товарот на меѓуконтиненталното селење на народите да паѓа врз нив. Да не речам дека уште од првата мигрантска криза од 2015 година, во БиХ не е направено ништо за се извлечат поуки, да се иновираат закони, да се зголемуваат буџети, да се вработи многу поголем број гранични полицајци и да се направи повеќе за БиХ да преземе целосен суверенитет врз управувањето со мигрантската криза во нејзиниот безбедносен и хуманитарен аспект, рече Радончиќ.