Радев: Владата мора брзо да одлучи за купување на уште осум авиони Ф-16

Од:

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ја повика Владата да донесе брза одлука во рок од два-три месеци и да склучи договор за купување на осум авиони Ф-16. Тој истакна дека ако тоа се направи брзо, американските авиони ќе пристигнат во Бугарија во 2027 или 2028 година.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев очекува дека Владата ќе ги разгледа сите можни опции и ќе донесе рационална одлука Бугарија да остане одговорна за својот воздушен суверенитет и интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО и да спречи неуспех во воените капацитети, особено во вакви критични времиња.

Тој додаде дека бугарската Влада мора да донесе тешка одлука, бидејќи цела ескадрила, заедно со придружната инфраструктура ќе ја чини Бугарија 5,5 милијарди лева (2,7 милијарди евра).

Бугарија има осум авиони Ф-16, а САД и одобрија на Софија да купи уште осум авиони Ф-16.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Радев: Ако оваа недела е потребна за разговори, на почетокот на следната не можам да дадам мандат, ќе одиме по Нова година

А1он