Радев: Очекував повеќе од Стефан Јанев како министер за одбрана на Бугарија

Од:

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ја коментираше смената на министерот за одбрана Стефан Јанев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според него, Јанев бил успешен привремен премиер во тешкиот период за Бугарија и токму таа влада ја започнала промената.

Радев истакна дека Стефан Јанев покажал оти со Бугарија може да се управува на поинаков, демократски начин и ја вратил надежта на луѓето. И што е најважно, таа влада организира фер избори за да ги донесе сегашните политичари на власт.

Бугарскиот претседател изјави дека како министер за одбрана очекувал од Јанев да биде со поголема иницијатива и ангажман кон проблемите на бугарската армија, и да работи за гарантирање на нејзината борбена способност, како и забрзување на процесот на нејзината модернизација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Радев: Ако оваа недела е потребна за разговори, на почетокот на следната не можам да дадам мандат, ќе одиме по Нова година

А1он