Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе го посети Благоевград за прославата на 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, и покрај тоа што е во карантин, претседателот Радев бил негативен, има бустер доза и ќе отпатува за Благоевград.
Промената на работната програма на премиерот Кирил Петков ќе му овозможи во исто време и тој да биде во Благоевград и заедно со претседателот Радев да го посети градот.
Со низа манифестации во Благоевград свечено ќе се одбележи годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Свечената поворка ќе тргне од пред Судскиот во 17 часот, а половина час подоцна ќе се оддржи положувањето венци пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот Македонија.
Споменикот на Гоце Делчев во Благоевград е поставен во 1955 година, а нејзин автор е Крум Дерменџиев.Во фоајето на Регионалниот историски музеј во градот ќе биде претставена изложбата „Бесмртниот апостол Гоце Делчев“.
Благоевград е поврзан со судбината на Гоце Делчев и неговото семејство. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во него се погребани неговиот татко и негови роднини. Во Благоевград се спасени многу бегалци од Кукуш од почетокот на 20 век.
Во Софија во Борисовата градина цвеќе ќе положи вршителот на должноста амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски.