Бугарскиот претседател Румен Радев денес ја поднесе својата оставка до Уставниот суд, за да може да учествува на претстојните избори.
Неговата оставка треба да биде одобрена од Уставниот суд, но бугарскиот закон не одредува рок за одобрување на оставката, објавува порталот „Новините“.
По одобрувањето на неговата оставка, потпретседателката Илијана Јотова ќе ја преземе претседателската функција до крајот на неговиот мандат, кој завршува во јануари 2027 година.