Радев до Унгарците: Да ги убедиме нашите браќа во Македонија дека без уставни измени нема ЕУ

Од:

Претседателот на Бугарија – Румен Радев ја повика Унгарија да ги убеди властите во Македонија дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и почитувањето на нивните права се неопходни услови земјата да почне преговори за членство во ЕУ.

„Ја повикав унгарската страна, која има пријателски односи со нашите браќа во Република Северна Македонија и растечки економски односи со РСМ, да ѝ помогне на оваа земја, со тоа што навистина ќе ги убедиме нашите браќа дека прифаќањето и вклучувањето на Бугарите во Уставот, почитувањето на европскиот консензус и отсуството на притисок и дискриминација врз Бугарите се неопходен услов за почнување преговори за членство во Европската Унија“, изјави Радев, пренесе „БНР.бг“.

Радев истакна дека Софија го поддржува европскиот пат на балканските земји, но напредокот, според него, треба да зависи од индивидуалните заслуги на секоја држава.

Би можело да ве интересира

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Радев го доби мандатот за формирање влада во Бугарија

Партијата на Румен Радев убедлив победник на изборите во Бугарија

А1он

Радев и официјално од денес не е бугарски претседател

Радев денес ја поднесе својата оставка до Уставниот суд