Скап рачен часовник украден лани во Италија, бил пронајден во Атина, што воедно е и втор ваков случај во Грција за помалку од еден месец, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека во соработка со Интерпол и по размена на информации со италијанските власти, украдениот часовникот бил пронајден и запленет во Атина.
Сопственикот го купил часовникот го преку интернет, од странство, за голем паричен износ, при тоа поседувајќи ги сите потребни документи.
Часовникот бил украден во 2021 година во Италија.
Минатиот месец, во Атина беше пронајден рачен часовник вреден 85.000 евра украден четири и пол години во Копенхаген.
Извор: МИА