Путин му го честиташе на Бегај изборот за претседател на Албанија

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин, упати честитка до Бајрам Бегај, за изборот за нов претседател на Албанија.
Во објавата на руската Амбасада во Тирана се наведува дека Путин му посакал на својот албански колега здравје и успеси на највисоката државна функција.

Путин е меѓу првите шефови на држави кои му го честитаа изборот на Бегај, кој на 4 јуни стна осмиот албански претседател по падот на комунистичкиот режим.

Поранешниот генерал, Бегај (55), заклетва во парламентот треба да даде на 24 јуни, кога му завршува петгодишниот мандат на Илир Мета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

Песков: Очекувањата за средбата Путин-Трамп се големи, но работите се покомпликувани

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во Скопје се сретна со претставници на партиите на Албанците

Горан Наумовски

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он