Пусиќ: Посебна благодарност до Македонија и ОАЕ за помошта

Од:

Првиот заменик премиер на хрватската Влада и министер за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ на денешната седница упати посебна благодарност до Македонија и Обединетите Арапски Емирати за помошта за санација на штетите од поплавите во источниот дел на Хрватска, јави хрватската агенција Хина.

– Ја користам можноста да се заблагодарам на сите донатори, а особено на Република Македонија, која и самата има сличини проблеми како и нас, но и во тешки услови одлучи да помогне на овој начин, изјави Пусиќ.

ОАЕ доделија еден и пол милион долари помош, што најверојатно ќе биде наменета за купување контејнери, а Македонија уплати 98.550 евра, истакна Пусиќ.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на почетокот на седницата на Владата оцени дека санацијата на штетите тече добро и дека наскоро треба да се пристапи кон конкретни проекти.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ