(ВИДЕО) Пукање во Сараево, убиени двајца војници на БиХ

Од:

Двајца војници на вооружените сили на Босна и Херцеговина се убиени а еден е ранет вечерва во пукање во Рајловац, предградие на главниот град Сараево, потврдија локалната полиција и министерството за одбрана, но засега нема индиции дека станува збор за терористички напад.

Според досега познатите информации, војниците биле убиени кога неидентификуван напаѓач влетал во една обложувалница во приградската населба Рајловац и отворил оган од автомат. Во текот на пукањето биле ранет уште еден војник.

Сараевските електронски медиуми јавуваат дека нема никакви информации за мотивите за напаѓачот по кој интензивно трагаат припадниците на специјалната полицијата. Според некои извори, убиецот бил познат како „момче на лош глас“.

Перица Станиќ, директор на безбедносната агенција SIPA, за весникот Avaz изјавил дека агенцијата е запознаена со двојното убиство, но истакнал дека засега не може да потврди дека станува збор за терористички напад.

„Ја имаме информацијата за инцидентот. Ја обезбедуваме својата зграда. Го подигнавме нивото на приправност. Чекаме известувања од Кантоналното Министерство за внатрешни работи. Уште немаме потврда дека станува збор за терористички чин, се надеваме дека не е., Индикативно е што се двајца, што тоа било на капијата. Засега не можеме да кажеме дека станува збор за терористички чин и додека не ги најдеме извршителите и да ги утврдиме фактите, нема да можеме да се одредиме за таа верзија“, рекол Станиќ.

Според него убиството најверојатно е извршено со огнено оружје и оти нема информации дека е користен експлозив.

Би можело да ве интересира

Во Сараево: Горан ја масакрирал сопругата, во злосторството му помогнала мајка му

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски