(ВИДЕО) Српската полиција упадна во мигрантски камп во Хоргош: Запленето оружје, околу 600 приведени

Од:

Полицијата и жандармеријата во Полициската управа на Кикинда приведоа повеќе лица за кои се сомничи дека имаат поврзаност со ноќешната вооружена престрелка во Хоргош, но и со нелегалниот шверц на мигранти, а оваа акција ќе продолжи и во наредниот период, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Припадниците на МВР, ударните оперативни групи од Кикинда и Суботица, како и на овие полициски управи, заедно со жандармеријата, веднаш по пријавата дека мигранти се движат по улицата и пукаат меѓу себе во реонот на Хоргош, почнаа со детално пребарување на теренот и на лице место затекнаа шест мигранти, меѓу кои еден на возраст од околу 20 години со две прострелни рани во градниот кош.

По известувањето дека мигрантите пукаат меѓусебно во реонот на Хоргош, полицијата го пребарала теренот и привела повеќе од 100 лица. Потрагата на теренот во која учествуваат специјални сили, хеликоптери и беспилотни летала се уште е во тек.

-Сите граѓани се исплашени и нервозни. Ова ни се случува постојано од 2015 година и веќе седум години живееме во страв, изјави за N1 Олга Стојановиќ од Хоргош.

„На неколку улици се слушаше пукање. Секоја минута слушавме пукотници на друга улица, а потоа дојде жандармеријата. Цела ноќ беа на теренот. Сега ситуацијата е мирна. Се чувствуваме безбедно кога тие се таму“ кажа Стојановиќ.

Таа додаде дека инцидентите се чести, бидејќи во близина има место каде унгарските безбедносни сили ги враќаат во Србија илегалните мигранти што ги фаќаат на територијата на таа земја.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ