Прво геј списание во Турција

Од:

Денеска од печат излезе пилот бројот на првото списание за хомосексуалци во Турција, „Геј Мег“, што се смета за револуционерен чекор за турската ЛГБТ заедница.

– Сакаме да ги урнеме сите табуа, но чекор по чекор. Многу време чекавме на овој момент. Сосема е нормално да има луѓе кои се против, но сигурно има и такви на кои ќе им се допадне, изјави уредникот на магазинот Емир Акгул.

Во првиот број на списанието ќе биде објавено интервју со познатата турска актерка и пејачка Хилија Авшар, која вели дека ако еден ден нејзината ќерка и соопшти оти има хомосексуални склоности, тоа нема да биде катастрофално за неа. Во бројот е вклучен и напис за пејачката Мараја Кери.

Предвидено е во период од една година магазинот да биде дистрибуиран бесплатно во дел од продавниците во Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он