Првата пратка вакцини од „Фајзер/БиоНТек“ пристигна во Грција, утре започнува вакцинацијата

Од:

Со полициско обезбедување и во присуство на заменик- министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, на граничниот премин „Промахонас“ на границата со Бугарија, синоќа беше пречекан камионот со првата пратка за Грција од 9.750 дози на вакцината од Фајзер/БиоНТек, а утре официјално ќе започне вакцинацијата во земјата, односно т.н. „операција Слобода“, јави дописничката на МИА од Атина.

Вакцините ќе се чуваат во специјални фрижидери за длабоко замрзнување во пет простори за складирање на тајна локација, која ќе биде под 24-часовен надзор и обезбедување, а оттаму ќе се пренесуваат во центрите за вакцинација кои се вкупно 1.018 во цела Грција.

Во текот на следната седмица се очекува Грција да добие уште 83.850 дози од вакцината, а до крајот на јануари ќе бидат доставени 429.000 дози и 333.450 дози до крајот на февруари, а до крајот од првиот квартал од 2021 година, само од Фајзер/БиоНТек, се очекува земјата да добие 1.265.550 дози.

Со пристигнувањето на вакцините, од утре започнува и „операцијата Слобода“, односно вакцинацијата во Грција во пет атински болници.

Првите вакцини ќе ги примат повозрасен граѓанин, медицинско лице, но и грчкиот премиер и претседателката на Грција.

Во понеделник на 28 декември, вакцината ќе биде доставена во болниците во Лариса, Јанина, Патра и Солун за ден подоцна, да започне вакцинацијата на медицинскиот персонал и во овие болници.

Би можело да ве интересира

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он