Српската премиерка Ана Брнабиќ соопшти дека е потврден првиот смртен случај од коронавирус во земјата.
Станува за 59-годишно лице од Кикинда.
Брнабиќ истакна дека изолацијата е единствената шанса за српскиот здравствен систем да се избори со пандемијата.
„Во домашна изолација се 64 граѓани, на респиратори се осум граѓани и за жал имаме еден починат“, рече Брнабиќ на прес конференцијата која се уште трае.
Таа додава дека српските лекарски тимови се борат за осум животи и дека е заедничка одговорноста на граѓаните да се заштитат себе и локалната заедница со тоа што ќе излегуваат само кога ќе мораат.
„Од утре во 20 часот престанува јавниот превоз, а од недела во 20 часот се затвораат рестораните, кафулињата и трговските центри“, рече Брнабиќ.
Доставата на храна ќе биде дозволена.
Според Брнабиќ, благодарение на претседателот, во Србија требало да пристигнат уште експерти и медицинска опрема.
Премиерката наведе дека се поголем број на луѓе се тестираат и дека донесена е одлука тестирањето да се врши во лаборатории на Клиничкиот центар Србија и Клиничкиот центар Војводина.