Прва кандидатка за претставник на ЕП со шамија

Од:

Фаила Пашиќ-Бишиќ, муслиманка која што е родена во Словенија, доколку биде избрана на претстојните избори за Европскиот парламент, ќе биде првата претставничка со шамија.

Пашиќ која што е истакната хуманитарка, вели дека нејзина цел е борба за еднакви права на сите луѓе.

-Мислам дека дојде време европската јавност да прифати активно гласачко тело, како и муслимани -вели таа во интервју за „Ал џазира Балкан“.

Како што наведе во својата работа ја промовира толеранцијата и соживотот, меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог и разбирањето. Се бори против исламофобијата, говорот на омраза и расизмот.

Оваа мајка на две деца и сопруга, која што живее во Словенија е позната како хуманитарна активистка, која учествувала во акции во Босна, Косово, Газа, Мароко и Филипини.

Добитичка е на голем број признанија, а сега е и официјален кандидат на претстојните избори за Европскиот парламент. Таа вели дека на овој чекор се одлучила поради тоа што ја наговорил словенечкиот и европски политичар, Јелко Кацин.

-Мојот случај и појава навистина се единствени. Јас сум Бошњак, муслиманска која носи превез. Мојот начин на живот и ставови се разликуваат од конвенционалните кандидати. Колку што знам, јас сум првата муслиманка со превез, која се кандидира за Европскиот парламент до сега. Имам широка поддршка во Словенија, но и од цела Европа -вели Пашиќ и додава дека нејзината кандидатура, кај некои луѓе предизвикува негативни чувства, но таа тврди дека на тоа навикнала.

Оваа хуманитарка својата кандидатура ја смета за голем успех за европското општество и јавност, а својот влез во Европскиот парламент го смета за триумф на заговорник за слобода и права.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски