Прва дестинација на Ципрас е Кипар

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денес ќе отпатува во Кипар, во прва официјална посета на странска држава, откако ја презеде фукцијата претседател на владата.

На Кипар ќе го пречека министерот за надворешни работи Јоанис Касулидес, а во Никозија со него ќе се сретне претседателот Никос Анастасидес.

Грчкиот премиер во тек на посетата покрај тоа што ќе положи венеци на жртвите на турската инвазија во 1974 година и на гробиштата во Централниот затвор во Никозија, ќе се сретне и со кипарскиот архиепископ Хрисостомос, а потоа и со здруженијата на исчезнатите од инзавијата на Кипар, како и лидерите на партиите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ