Протести во Истанбул за поддршка на Морси

Од:

Илјадници луѓе синоќа протестираа во Истанбул за поддршка на соборениот египетски претседател од страна на армијата Мохамед Морси.

Демонстрантите, кои беа организирани од страна на исламистичката Партија на среќата, скандираа „Ние сме на твоја страна Морси“ и „Ние сите сме муслимани, ние сите сме браќа“.

Тие го исвиркаа новиот прв човек на Египет, врховниот командант на вооружените сили генерал Абдел Фатах ас Сиси. Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој е близок со Морси, вчера му ја изрази својата безрезервна поддршка.

Тој го оцени соборувањето од власт на својот политички сојузник на 3. јули како „државен удар“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски